Сончево и топло со услови за локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови е временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи за денеска.
Како што информираат од таму, во текот на денот ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максимална температура од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде многу висок, со коефициент 8.
Во Куманово и околината ќе имаме топло и сончево претпладне, со услови за нестбилност во попладневните часови во форма на пороент дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 27 степени целзиусови.
Според УХМР, и во следните денви во попладневните часови ќе има појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.