Денеска сончево до умерено облачно, во среда услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Во поголем дел од земјава е облачно, освен во североисточниот дел  каде е умерено облачно.  Во Гевгелија и Струмица има ретка маглa, велат од УХМР.

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Кумново и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб источен, односно североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 15 степен.

Утре ќе се задржи стабилно, сончево со умерена облачност и потопло време. Во среда се очекува брз продор на влажна и постудена воздушна маса од север, кој ќе предизвика локални врнежи од дожд, а на повисоките планини снег. Ќе дув умерен до засилен ветер од југозападен, а попладне од северозападен правец. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Потоа до крајот на неделата се очекува стабилно и потопло врене.