Денеска сонце, утре повторно врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево и топло попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеролошки работи

Минималните температури ќе се движат од 6 до 11 степени, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 21 до 27 степени целзиусови.

Куманово и околината денеска ќе видат повеќе сонце за разлика од претходните денови, а максималната дневна температура ќе изнесува 25 степени целзиусови.

Во вторник, односно утре и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Потоа во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.

 

Loading...