Со одлуката на Владата од денеска во 16:00 часот до вторник во 05:00 часот се забранува движење и групирање на населението.
Loading...
За таа цел од 16 часот се затвораат сите паркови, излетнички места, места за рекреација во нацоналните паркови и шуми, како и викенд населбите за време на периодот на забрана и посебен режим на движење за претстојниот празник.
Сите локации ќе ги контролира Министерството за внатрешни работи.
Веќе од утре во 16:00 часот започнува најдолгиот полициски час, кој ќа трае до вторник во 05:00 часот наутро.