Денеска е 40 Севастиски маченици – Младенци. Овие 40-мина биле римски војници. За време на гонењето од страна на Ликиниј кој владеел со источниот дел од Римското царство заедно со Диоклецијан, тие биле изведени пред суд заради нивната вера, а потоа ставени во замрзнато езеро и оставени таму преку целата ноќ.
Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината.
Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.
Празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.
Именден празнуваат: Младен, Младенка…