Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари.
Верниците од православна вероисповест го обележуваат денот на Св. маченица Татјана.
Света Татјана потекнувала од угледно римско семејство. Татко и три пати бил префект на Рим. Таа уште од младоста била длабоко проникната од Христовата вера, а подоцна била посветена за ѓакониса. Поради тоа што била христијанка, римските власти ја затвориле и ја измачувале. После измачувањата била фрлена на лавовите, но тие и се умилкувале, како во времето кога животните живееле во мир со Адам. Најпосле и ја отсекле главата. Света Татјана пострада за Христа во третиот век.