Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во источните делови со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од попладневните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен, односно југозападен правец.
Температурата во кумановско денеска ќе се движи од четири степени во утринските часови до максимални девет во текот на денот. Ноќта кон петок ќе настапи зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд.
Како што додаваат од Управата за хидрометеоролошки работи, до недела следува период на променливо облачно време со повремени врнежи, пообилни во сабота (на места и над 20 л/м 2 ). На планините врнежите ќе бидат од снег каде дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.
Никола Ивановски