Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн

Сподели со своите пријатели

Преговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, а претставниците на двете страни нудат внимателен оптимизам и покрај малите докази дека ставот на рускиот претседател Владимир Путин е променет.

Loading...

Советникот на претседателот на Украина Михајло Подољак потврди дека разговорите со Русија ќе се одржат денеска преку видео врска.

 

Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)

 

„Повторно. Преговорите се одвиваат нон-стоп во формат на видео конференции. Работните групи постојано работат. Многу прашања бараат постојано внимание. Во понеделник, на 14 март, ќе се одржи преговарачка седница за сумирање на прелиминарниот резултат“, напиша Подољак во објавата на Твитер.

„Русија почнува да разговара конструктивно“, рече Подољак подоцна на Телеграм, истакнувајќи дека Русија е многу почувствителна на позицијата на Украина.

 

Loading...