Денеска облачно со услови за слаби врнежи, од наредните денови покачување на температурите

Сподели со своите пријатели

Помала облачност во источниот, а поголема во североисточниот дел од земјава се очекуваат во текот на утрово, но веќе околу пладно се очекува ново поголемо наоблачување, додека западниот дел од рано наутро ќе биде надвистнат од облаците, пишува порталот МетеоПро.мк.

Повремени, но релативно слаби врнежи од дожд се очекуваат во западниот и јужниот крај, додека во овие региони на повисоките места ќе има појава на повремено провејување.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 0, а максималната од 8 до 13 степени целзиусови.

Во Куманово во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со кратни сончеви периоди, а веќе во текот на ноќта ќе дојде до дополнително наоблачување и услови за дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи од 8-от степен, а минималната ќе се спушти еден степен под нулата.

Во наредните денови ќе настапи постепено разведрување со повеќе сончеви периоди и секако повисоки дневни температури.