Денеска нов обид на ЕУ да го усвои шестиот пакет санкции

Сподели со своите пријатели

Амбасадорите на ЕУ денеска повторно ќе се сретнат, бидејќи не успеаја конечно да дадат „зелено светло“ на шестиот пакет санкции што го договорија лидерите на ЕУ 27 на дводневниот самит во Брисел претходно оваа недела.

Loading...

На вчерашната средба во Брисел, Унгарија пред амбасадорите на земјите членки постави ново барање за исклучување на поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил од списокот на лица санкционирани поради руската инвазија на Украина.

Шестиот пакет санкции на ЕУ против Руската Федерација вклучува делумно ембарго за извоз на руска нафта во ЕУ, од која Унгарија е изземена, исклучување на најголемата руска банка Сбербанк од системот за брз трансакции, забрана за три руски државни медиуми. и проширен список на санкционирани лица и субјекти на која требаше да биде патријархот Кирил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: ЕУ треба да ги преиспита санкциите против Русија поради високите цени на енергијата

За да стапи во сила шестиот пакет санкции, мора да се постигне консензус за правниот текст на ниво на земјите-членки, а самата регулатива да биде објавена во Службениот весник на ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во вторникот, на крајот од самитот на лидерите на ЕУ, најави дека очекува пакетот санкции да биде одобрен во „следните два дена“.