Денеска над 30 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне  во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно, но топло време. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Температурата во кумановско и околината ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 31 во текот на денот.

Loading...

Сепак во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за краткотрајниврнежи од дожд проследен со електрични празнења.

 

 

Во среда попладне и во четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Од среда ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply