Ковчегот со посмртните остатоци на Оливер Ивановиќ вчера е префрлен од Косовска Митровица во капелата на Новите гробишта во Белград, каде граѓаните, се до погребот, ќе може да му одадат почест.
Ивановиќ е убиен во вторник, 16. јануари пред седиштето на своето движење во Косовска Митровица.
Во среда повеќе илјади граѓани во Косовска Митровица му одадоа почит на Ивановиќ, чие тело било изложено во седиштето на иницијативата.