Денеска итна седница на Генералното собрание на ОН за руската инвазија на Украина

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН за денеска свика „итна, вонредна седница“ на Генералното собрание на ОН, со цел сите членки на светската организација да се изјаснат за руската инвазија на Украина.

Резолуцијата предложена од САД и Албанија беше усвоена од 11 земји во неделата вечерта.

Русија гласаше против, Обединетите Арапски Емирати, Кина и Индија беа воздржани. Вето не беше можно според сегашните регулативи на ОН кога станува збор за овој тип на резолуција.

Врз основа на процедурата воспоставена во 1950 година наречена „Обединување за миротворство“, усвоената резолуција не може да биде ставена на вето од постојаните членки на Советот за безбедност, вклучително и Русија.