Денеска и утре повеќе локации во кумановско без струја
On:
Сподели со своите пријатели
Повеќе локации во текот на денешниот и утрешниот ден во Куманово и околината ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Денеска во период од 09:00 до 16:00 часот без електрича енергија ќе бидат корисниците од населба Бедиње, додека во период от 08:30 до 15:00 часот прекини со напојувањето ќе има во селата Умин Дол и Ново Село.
Утре во период од 09:00 до 14:00 без електрична енергија ќе остане дел од селото Черкезе, во близина на училиштето, додека во период од 12:00 до 15:30 часот прекини се најавени за селото Ропаљце. Без електрична енергија ќе останат и селата Руѓинце, Сув Орах, Карпино и Облавце и тоа во период од 09:00 до 15:00 часот.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.