Во текот на денешниот и утрешниот ден неколку села во кумановскиот крај ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Денеска во период од 08:15 до 16:00 часот прекини на електрична енергија ќе има во селата: Бабин Дол, Билановце, Краста, Студена Бара, Пчиња, Вакв и Винце.
Во период од 08:30 до 16:00 часот утре (петок) прекини во снабдувањето со струја ќе има за жителите од селата: Пелинце, Коинце, Алгуња, Челопек, Мглинце, Никуљане и Враготурци.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.