Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно сончево и многу топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 14 до 23 степени, додека максималните ќе бидат меѓу 35 и 43 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен северен и северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 40 степени целзиусови.
Најтоплиот ден според прогнозите во кумановско ќе биде утрешниот, кога ќе имаме и тропска ноќ, односно кога температурите не паѓаат под 20.
Така утрешниот ден носи слаб до умерен југозападен ветер и температури од минимални 22 до максимални 42 степени целзиусови.
Во недела температурите ќе паднат под 40, но и натаму ќе се задржи многу топлото време.
Ќе дува слаб до умерено засилен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 19 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 36 степени целзиусови.
Во текот на следната недела температурите ќе паднат под 30 степени.
Никола Ивановски