Денеска и утре делови на Куманово без струја

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово денеска и утре ќе бидат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Денеска прекини во период од 09:00 до 11:00 часот и од 12:00 до 14:00 ќе има кај корисниците од улиците: „Карл Маркс“, „Борко Танев“, „Шарпланинска“, „Пролетерски Бригади“, „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Бајрам Шабани“.

Во период од 08:00 до 14:00 часот денеска без напојување со електрична енергија ќе бидат ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“,„Златан клас“, селото Долно Којнаре и улицата „Никола Тесла“.

Прекини најавени и за утре

И во текот на утрешниот ден ќе има прекини на електричната енергија. Така во период од 12:00 до 14:00 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „Кирил и Методиј“, „Перо Наков“, „Солтир Наумов“, „Народна револуција“, „Илинденска“ и булеварот „Трета МУБ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој крадел од црква

Во период од 09:00 до 11:00 часот утре прекини ќе има кај корисниците од булеварот „Октомвриска револуција“, поточно жолтата зграда во близина на економското училиште.

Станува збор за највени прекини од страна на ЕВН Македонија порад интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Loading...