Повеќе локации во Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:35 до 13:30 часот, прекини во санбдувањето ќе има на излезот од селото Романовце кон автопатот, како и во околината на железничката станица во селото.
Во период од 09:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе биде селото Челопек.
Утре во период од 07:00 до 13:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Никола Спасиќ“, „Толи Зордумис“, дел од улицата „Трст“.
Прекини во истиот период ќе има и кај жителите од улиците „Илинденска“ и „Кирил и Методиј“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

