Повеќе локации во Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 13:00 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од селото Младо Нагоричане, поточно маалото Дртковци.
Во период од 08:30 до 16:00 часот денеска без струја ќе останат корисниците од улиците „11 Ноември“, „Крушевска Република“ и „Осогово“.
Прекини се најавени и за утрешниот ден, па така во период од 09:00 до 14:00 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „6ти Април“, „30ти Јули“, „Стево Филиповиќ“, „Веселин Маслеша“ и корисници околу млекарницата „МАк Милк“.
Утре од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе останат и селата Кучкарево, Габреш, Градиште и Орман.
Станува збор за највени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски