Без електрична енергија во текот на денот ќе бидат повеќе локации низ Куманово, поради интервенција на дистрибутивната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 14:00 часот прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците: „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Тоде Мендол“, „Караорман“ и „Војо Карастојанов “.
Во период од 08:30 до 14:30 прекини ќе има во селата Лопате и Опае.
Прекини се најавени и за утре. Во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе биде дел од улицата „Ѓорче Петров’ (зад фабриката „Екстра меин“), додека од 08:30 до 14:30 селото Матејче.
Во период од 11:00 до 14:00 утре прекини ќе има на улицата „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“, стои во дневниот билтен на РУЦК.
Никола Ивановски