Повеќе делови на Куманово денеска и утре ќе бидат привремнео без електрична енергија во текот на денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 11:00 часот прекини во снабдување со електричната енергија ќе има на улиците „100“, „150“, „158“, „159“, „170“, „172“, „174“, „175“, „180“, „196“ во населбата Карпош, како и маркетите „Елида“ и „Центро Бизнис“ лоцирани во истото населено место.
Во период пак од 08:00 до 14:00 часот прекини се најавени за селото Речица.
Утре пак во период од 08:50 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во селата Романовце , Агино Село, Железничката Станица во Романовце и селото Брзак.
Во период од 08:00 до 14:00 часот утре прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај корисниците од селото Умин Дол.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

