Денеска и утре без струја неколку локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Неколку локации низ Куманово и околните села денеска и утре ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:00 до 13:30 часот прекини ќе има кај кориснциите од улиците „Михајло Пупин“, „Благоја Думовски“, дел од улицата „Ѓорче Петров“, како и улицата „Трајко Прокопиев“.

Утре пак во од 09:10 до 10:10 прекини се нејавени за селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол и Ропаљце.

Прекини ќе има и во липковското село Отља во период од 08:00 до 16:00 часот, како и во селото Матјче од 08:00 до 12:00 часот.

Во селото Војник во општината Старо Нагоричане, прекини утре ќе има во период од 08:35 до 11:00 часот.

Никола Ивановски