Денеска ексхумација на уште една жена, психијатри го вештачат осомничениот убиец од Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

По наредба на Основното јавно обвинителство Куманово, денеска ќе се изврши ексхумација на тело на уште една жена за која се сомневаат дека е жрвта на убиецот од Старо Нагоричане.

Кратко од ОЈО само потврдија дека ексхумацијата ќе биде извршена денеска, без да навлегуваат во детали.

На вчерашната прес конференција одржана во Скопје беше истакнато дека се работи за повозрасна жена чиј што профил наликува на претходните жртви.

Во меѓувреме 25-годишниот Трајко Бојковски, за кого веќе постојат докази дека извршил две убиства, денеска ќе биде предмет на анализа на психијатри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КК Мусаши од Куманово освои 14 медали на турнирот „63 Ангели“ во Кочани (ФОТО)

– По наредба на судија на претходна постапка, осомничениот Т.Б. денеска е спроведен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Психијатрија за психијатриско вештачење. По завршувањето ќе биде вратен во КПУ Затвор Куманово на издржување мерка притвор, информираат од кумановскиот затвор.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција не сакаше да влегува во детали за случајот, бидејќи како што истакна постапува ОЈО.

– Во овој момент таму мора да бидам резервиран со информации заради тоа што таму се постапува по наредба на јавен обвинител, така да сега не би можел да изнесам детали, кога ќе заврши истрагата ќе информираме, рече Тошковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  39-годишник натепан во Ајдучка Чешма

Запрашан дали ќе има евентуална истрага на непостапување на полициски службеници, министерот даде потврден одговор и додаде дека тоа ќе биде во соработка со Обвинителството.

Никола Ивановски