Официјално денеска започнува пролетта, 20 март, во 10:27 часот.
Иако во основно училиште научивме дека сите годишни времиња започнуваат на 21-ви во месецот, освен есента што доаѓа на 23-ти, експертите откриле дека дваесет години пролетта доаѓа еден ден порано, бидејќи постојат два различни методи за одредување на почетокот и крај на годишните времиња – метеоролошки и астрономски.
Метеоролошкиот метод го користат метеоролозите за да го набљудуваат спуштањето и зголемувањето на температурата и состојбата на атмосферата.
Според овој метод, метеоролошката сезона е координирана според календарот и секоја сезона трае три месеци. Со овој метод, пролетта трае од 1 март до 31 мај.
Вториот метод се базира на астрономски сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето.
Астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на нејзината орбита околу Сонцето.
Значи, оваа година пролетта ни доаѓа денеска.