Денеска е најдепресивниот ден во годината, а еве и зошто!

Сподели со своите пријатели

Третиот понеделник во јануари, таканаречениот „тажен понеделник“ (синиот понеделник), се смета за најдепресивен ден во годината, пишува National Geography.

Loading...

Според нив, тажниот понеделник е основан пред 14 години, кога психологот Клиф Арнал го објаснил со неколку работи: времето е обично лошо, иако деновите се подолги, празниците поминале и сите главно се вратиле на работа, сметките се празни, а повеќето веќе сфатија дека нема да може да ги исполнat своите новогодишни одлуки, пренесува Данас.

Сè заедно, според психолозите, резултира со тага и ниско ниво на мотивација.

Психолозите препорачуваат, како што велат, најдобар начин да се ослободите од негативните чувства е да поминувате време со пријателите и семејството, како и некоја физичка активност.

Но, како се дошло до овој датум?

Поимот „тажен понеделник“ го дефинирал Арнал и дури направил формула според која дошол до заклучокот, а која гласи [W + (D-d)] x Tq ÷ [M x Na].

Во оваа формула W претставува временски услови, D е долг, d е месечна заработка, T е време по Божиќ, Q е време по нашите пропаднати обиди нешто да направиме, М е ниско ниво на мотивација, а NA потреба за преземање акција, па заклучил дека третиот понеделник во јануари е најдепресивниот ден во годината.

Директорката на Фондацијата за ментално здравје од Лондон Изабела Голди наведува дека „тажниот понеделник“ не постои, и објаснува дека е измислен во 2005 година за да се распродадат туристичките дестинации за лето.

– Од тогаш стана ПР настан чија примарна цел е продажна на услугите, навела таа за USA Today.

Loading...

Голди навела дека е од витално значење да се разликува чувството на тага во еден ден од реално ментално заболување.

Можете, како што наведува, тој ден да се чувствувате малку полошо, затоа што празниците се завршени, но додава „тажниот понеделник не е најдепресивниот ден во годината“.

– Идејата дека депресијата можете да ја пресметате со помош на некои формули не е добра, додава таа и наведува дека теоријата за овој ден не е целосно исклучен, затоа што менталното здравје е под влијание на околината.

Поради тоа навела и дека постои депресија која се јавува секоја година во иста сезона.

Главни фактори за ризик од ментално заболување (сиромаштија, трауми, осаменост, постојан стрес и физичко здравје) не се ограничени на месец дена, а не на еден ден.

– Можеме да расправаме за сезонски варијации, имајќи предвид дека некои луѓе кои живеат со проблеми кои се ментални, можат некој ден да се чуствуваат полошо, особено во зима. Меѓутоа, луѓето кој го имаат овој проблем со него се борат секојдневно, заклучила таа.