Министерството за надворешни работи денеска по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот организира комеморативна церемонија.
Со комеморацијата ќе им се оддаде почит на сите жртви на Холокаустот, вклучително и на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и екстерминирани во логорот „Треблинка“.
Комеморацијата ќе ја отворат министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска.