Денеска дожд и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и рано утринава времето беше претежно облачно, во крајните југоисточни и западни делови со локален дожд. На планините дува умерен ветер од југоисточен правец.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во вечерните и ноќните часови.

Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер (со брзина и над 60 км/час), кој особено ќе биде изразен вдолж Повардарието, како и на повисоките места и на планините.

Дневната температура ќе биде во интервал од 15 до 19 степени.

Leave a Reply