Денеска дожд и ветер, од викендов се „враќа“ зимата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Пообилни врнежи се очекуваат во крајните западни делови. Само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, на места над 60 км/час.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Утринската температура ќе изнесува три степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 12-от степен.

Loading...

 

 

Како што појаснуваат од УХМР, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Значителна промена  се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат.

Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса, во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег.

Утринските температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply