Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните дневни температури низ државата ќе се движат во интервал од 30 до 40 степени целзиусови. УВ зрачењето ќе биде многу високо со коефициент 9.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време. Температурата ќе се движи од 19 степени во утринските часови до максимални 36 во текот на денот. Индексот на УВ зрачење ќе биде екстремно висок со коефициент 11.
Во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
На повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени, а најтопло ќе биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен, посочуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Никола Ивановски