Во првата половина од ноќта претежно ведро, а утрово има појава на мала до умерена, на места и значителна облачност. Вдолж Повардарието дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето во текот на денот. Попладне и во вечерните часови во крајните западни планински подрачја ќе има повремени врнежи од дожд и снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви ериоди. Ќе дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец. Температурите ќе се движат од еден степен околу нулата во утринските часови, до максимални 12 степени целзиусви во текот на денот.
Инаку следува период на претежно стабилно време со повисоки температури.

Никола Ивановски

