Во текот на денот без електрична енергија во период од 9 до 12 часот ќе биде дел од улицата „11 Октомври“ во Куманово, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во текот на утрешниот ден во период од 9 до 11 часот без електрично напојување ќе биде селото Лопате. Во период од 10 до 12 часот без електрична енергија ќе остане дел од „11 ОКтомври“, населбата Железничка станица, како и улиците „Ибе Паликуќа“ и „Јован Поповиќ“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа со цел подобрување на услугите на корисниците.