Четири локации во Куманово денеска ќе бидат без вода, поради дефекти во водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за локалитетот „Поток Серава“, улицата дел од „11 Октомври“, улицата „315“ во населбата Ајдучка Чешма и населбата Бедиње.
Екипи на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски