Екстерното тестирање за матурантите започнува денес, а ќе трае до крајот на неделата.
Како што велат од Министерството за образование и наука, продолжениот зимски распуст ги пролонгираше и роковите за екстерна проверка на знаењата на учениците, па така тестирањата ќе бидат направени од 30 јануари до 3 февруари.
Тестот ќе опфати 18.600 ученици од завршните години на средното образование, односно матурантите. Пред една недела беа објавени распоредите за тестирање и кој ученик по кој предмет ќе биде проверен, а три дена пред самиот тест учениците ги добија и прашањата.
Иако оспоруван, проектот продолжува да функционира. Преставката на професорите и наставниците од Уставниот суд не вроди со плод и не беше дозволено укинување на законската одредба која го предвидува оваа тестирање, додека пак СДСМ во текот на целата кампања најавуваше укинување на оваа одредба на првата владина седница.
Како и да е првите резултати од тестирањето ќе бидат познати на 7ми февруари.
Loading...