Денес ветер до 90 км/час – утре поројни дождови и грмежи

Сподели со своите пријатели

Според метеоролозите на УХМР, денес не очекува променливо облачно време, со повремен локален дожд, особено во западните и јужните  делови.

Ќе дува засилен до силен југоисточен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови, кој  на моменти ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 13 до 18 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно  топло со повремен локален дожд. Во источните делови ќе има услови за  пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локалн дожд, а од среда температурите ќе бидат во постепено опаѓање.