Времето во Македонија денес ќе биде сончево и потопло, а во западните делови се очекува мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 21 степен.
Во вторник кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста и слаб дожд.
Локални врнежи од дожд ќе има и во среда кои ќе условат пад на дневните температури за околу 3 до 5 степени.