Времето денес ќе биде сончево, попладне во западните делови со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од западен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 4 до 12 степени.
Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево и тивко време со максимална дневна температура од 3 степени, а во текот на ноќта не очекуваат -6 степени целзиусови.
Утре изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег.
Потоа позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен а повремено силен северен ветер, ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.