Денес сончево до умерено облачно време

Сподели со своите пријатели

Претпладне ќе имаме сончево време со мала облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време. Максималната дневна температура ќе изнесува 14 степени целзиусови.

Во петок ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд и со пониска дневна температура за неколку степени во споредба со утрешната. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со благ пораст на дневната температура.