Денес сонце, а потоа дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Понеделник ќе донесе куса пауза од врнежите низ поголем дел земјава, но преку ден, јавува порталот Метеопро.

Loading...

Претпладне во западниот и северниот регион може да се очекуваат повремени сончеви периоди. Вечерта повторно се очекува да биде врнежлива, пред се во западниот регион. Кон ноќните часови врнежите ќе бидат позастапени во северната половина од земјата. Снег може да се очекува само на планините во северниот крај, и тоа на оние повисоки од 1800 метри.

Наутро ќе биде релатвно топло, со минимална температура која ќе има вредности околу 7°С низ котлините.

Максималната температура ќе има вредности во границите од 14°С до 17°С низ поголем дел од котлните, а на повисоките места во источниот регион околу 12°С.

Во текот на работната недела, Македонија ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе условат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Облачно и свежо со поинтензивни врнежи од дожд се очекува во среда и петок, особено во западните и јужните делови. Дневната температура секојдневно ќе опаѓа за 2 до 3 степени, соопштуваат од УХМР.