Времето денес ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со силен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови на земјава каде се очекува да достигнува од 60 до 80 км/час.
Наместа особено во северозападниот дел од земјава ќе има повремени провејувања на снег. Наjвисоката температура во земјава се очекува да достигне од 0 до 8 степени.
Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со услови за врнежи од снег. Ќе дува засилен северн односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 0 степени. Облачноста во еткот на вечерните и ноќните часови ќе се намалува, кога се очекува да престанат врнежите од снег и температурата да изнесува -6 степени целзиусови.
Утре, времето ќе биде умерено облачно, студено и ветровито со провејување на слаб снег, a ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст а утринските поради разведрувањето и намалувањето на брзината на ветерот ќе бидe во опаѓање.