Среда наутро и претпладе ќе биде поведра во западниот дел од земјата, додека истовремено во источниот регион се очекува мала до умерена облачност, пишува порталот МетеоПро.
Ветерот во текот на целиот ден ќе биде слаб.
Попладне очекуваме можност за сосема слаб и краткотраен дожд на потегот од полошката котлина се до осоговскиот регион на север, а приквечер повремен локален дожд е можен во југоисточниот крај.
Мала веројатност за врнежи ќе има и во јужнот дел на Пелагонија.
Денот ќе биде потопол во однос на вторник. Највисоката вредност на дневната температура ќе биде во границите помеѓу 23°С и 25°С во котлините во западниот крај, како и во повисокиот регоин на истокот. Долж повардарието и североисточниот крај се очекува максимална околу 26°С, додека југоисточниот крај очекува максимална околу 27°С.