Денес обилни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето рано утринава беше променливо облачно и ветровито а повеќе места со обилни врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

На места претежно на запад, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и во текот на следниот ден. Температурата ќе биде во интервал од 14 до 22° С.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со обилни врнежи од дожд, ќе дува засилен ветер од источен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе изнесува само 10 степени, додека пак во текот на ноќта истата ќе порасне за 1 степен, па ќе изнесува 11 степени, но дождот и натаму ќе паѓа со ист интензитет.

Под влијание на засилено јужно воздушно струење и влажен воздух во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Облачно со обилни врнежи од дожд ќе биде денес и утре, кога на повеќе места, особено на запад, се очекува да наврнат локално и над 60л/м2 воден талог.

На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70км/ч.). Во среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. До петок и утринските и дневните температури ќе бидат во опаѓање.