Во текот на денешниот ден под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите може да се очекуваат особено доцна попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни (над 25л/m2) Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Минималните температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека максималните дневни ќе имаат вредност од 14 до 21 степени целзиусови.
Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд и сосема слаби грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне 16 степени. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Во деновите од викендот ќе преовладува стабилно време, во сабота променливо облачно со сончеви периоди, а во недела сончево со умерена облачност и малку потопло. Потоа во првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд со послаб интензитет.
Loading...