Денес и утре дестабилизација на времето во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 20, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде во интервалот од 27 до 35 степени.

Во Куманово и околината ќе биде сончево со услови за дожд и грмотевици во попладневните часови. Максималната температура ќе достигне до 32 степени целзиусови.

Денес и утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен северен ветер кои ќе предизвика опаѓање на дневните температури, особено во вторник. Од среда се очекува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.