Денес е католички Бадник

Сподели со своите пријатели

Според Грегоријанскиот календар кој го кроистат католиците денес е Бадник, денот пред христовото раѓање.

Сите христијански народи го прославуваат Божик со најразлични обичаи. Божикното дрво се поставува во село и во град. Додека се украсува борот, се пејат весели божикни песни.

Кога станува збор за обредните елементи сврзани со Бадниот ден и бадник, мора да се има в предвид дека тоа се комплексни обредни дејанија кои се случуваат во поголем број на денови пред Бадниот ден, но и по него и сврзани се со обележување на раѓањето на божество (новото Сонце – новата година).

Самото најавување на доаѓање на новото божество започнува на Св. Игнат,од тој ден па се до Бадна вечер нашите предци палеле оган среде село и на врвовите на брдата за да го осветлат патот, како боѓеството не би го заобиколило нивното село. На ден пред Бадник се ритуално се обавувале подготовки за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогап се мелело од првиот страк на пченицата, кој што се нарекувал божја брада и се чувал поврзан со црвени конци; се одбира домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божиќ, како и опрема за сечачот на бадникот.