Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.
Mаксималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Куманово и околината дененска ќе имаме сончево време со температура до максимални 6 степени и ќе дува умерен ветер од северен правец.
Во следните два дена ќе биде претежно сончево. Зголемување на облачноста ќе има од недела, а температурата ќе биде во благ пораст. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините. Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер и опаѓање на температурата.