Денес до 27 степени, од утре температурите во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и максимална температура од 23 степени целзиусови.

Продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од утре температурата ќе биде во постепено опаѓање, додаваат од УХМР.

Leave a Reply