Денес без електрична енергија селото Романовце, утре 17 населени места

Сподели со своите пријатели

Во период од 9 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат жителите од селото Романовце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од ЕВН Македонија информираат дека и утре во период од 9 до 12 часот без електрично напојување ќе бидат населените места: Бељаковце, Стрезовце, Јачинце, Довезенце, Ругинце, Сув Орах и Облавце.

Од 12 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат и жителите на селата: Старо Нагоричане, Пелинце, Жегљане, Стрновац, Челопек, Коинце, Арбанашко, Дејловце, Осиче и Рамно.

Станува збор за плалнирани прекини со цел интервенција во електро дистрибутивната мрежа за подбрување на услугата на корисниците.