Ден на жената: Опуштете се денес и оставете ги обврските на другите

Сподели со своите пријатели

Денеска посебно се слават сите економски, политички и општествени достигнувања на жените. Меѓународниот ден на жената е создаден како иницијатива на социјалистичките организации пред Првата светска војна. Фокусот беше ставен на борбата за еднаквост, правото на глас и еманципацијата на жената.

Loading...

 

 

Приказната за овој празник започнува во САД. Имено, на 8 март 1857 година текстилните работници во Њујорк демонстрирале поради лошите услови за работа и ниските плати. Во спомен на овие храбри работници, протестите на 8 март продолжија и во следните години: најпознат е оној од 1908 година, кога повеќе од 15.000 жени маршираа низ Њујорк во потрага по пократко работно време, подобри плати и право на глас.

Драги жени, опуштете се денес, не се нервирајте, слободно и барајте од семсјството  да ги извршуваат сите домашни работи денес. Запомнете, борете се за вашите права секој ден!