Демонстрантите фрлаа кон специјалците, тие возвратија со шок бомби (видео)
On:
Сподели со своите пријатели
Во обид да се спречи нарушувањето на јавниот ред и мир пред Собранието на Република Македонија, специјалните сили на МВР започнаа со полициска акција за разбивање на толпата луѓе од зградата и евакуација на повредените пратеници.
Меѓутоа наидоа на голем отпор на дел од демонстрантите кои кон полицискиот кордон фрлаа тврди предмети, а во обид за разбивање на насобраните маси, припадниците на МВР фрлаа со шок бомби.
Засега не е познато колку лица се повредени, но очигледно е дека нивната бројка расте постојано.