Демонстранти упаднаа во вилата на претседателот и се капеа во луксузниот базен (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Илјадници демонстранти во главниот град на Шри Ланка Коломбо денеска ги пробија полициските барикади и влегоа во официјалната резиденција на претседателот.

Loading...

На социјалните мрежи се појавија видеа од десетици како се капат во претседателскиот базен.

Претходно на Фејсбук се појавија видеа на кои се гледаат стотици демонстранти во ходниците и просториите на претседателската резиденција како извикуваат слогани против Рајапакса, а голем број луѓе се исто така надвор од зградата.

Да потсетиме, илјадници луѓе денеска ги пробија полициските барикади за да стигнат до куќата на Рајапакса, при што полицијата пукаше во воздух, но не успеа да ги спречи.

Два извори од Министерството за одбрана изјавија за британската агенција дека претседателот Готабаја Рајапакса бил отстранет од официјалните простории во петокот заради негова безбедност.

Најмалку 21 лице, меѓу кои и двајца полицајци, се повредени и хоспитализирани во тековните протести.

Земјата со 22 милиони жители се бори со сериозен девизен недостиг што го ограничи суштинскиот увоз на гориво, храна и лекови, втурнувајќи ја во најголемата економска криза од независноста во 1948 година.

 

Loading...